Friday, April 5, 2013

POP! Fashion || Fashion Weekend Skopje



dress: Zara, bag: Mango, cuffs: H&M




По успехот на проектот 'Џез и мода', што се оддржа во рамките на Моден викенд Скопје пролет/лето 2012, оваа сезона продолжува соработката со Амбасадата на Соединетите Американски Држави, со проектот на тема 'POP! Fashion', во облик на конкурс на кој можеа да аплицираат модни дизајнери, дизајнери на накит и модни додатоци, како и студенти по моден дизајн, чија задача беше да ги претстават своите идеи инспирарни од американската поп арт култура. 
На 3ти Април се одржа гала вечерта на која беа претставени 13те тимови финалисти на конкурсот, во просториите на Амбасадата на САД. 
Едукативниот дел на проектот е претставен со работилници на тема 'Бренд менаџмент', водени од професорот Бјорн Бенгтсон од Модниот институт за технологија во Њујорк. 

За пофалба е беспрекорната организација на тимот кои стои позади проектот, како и идејата да им се овозможи на младите дизајнери обука од професор од врвен американски факултет за дизајн, а највеќе младешката енергија на самите дизајнери, храброста и иновацијата во нивните идеи. Им честитам на сите, верувам дека жирито кое треба да избере победник ќе има тешка задача, а подолу се моите фаворити.



Mashite Lochi и Arta Shakiri


Марио Милосов

Almir Ibraim 


Related Posts:

LinkWithin

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...
Powered by Blogger.
Scroll To Top