dress: Zara, bag: Mango, cuffs: H&M
По успехот на проектот 'Џез и мода', што се оддржа во рамките на Моден викенд Скопје пролет/лето 2012, оваа сезона продолжува соработката со Амбасадата на Соединетите Американски Држави, со проектот на тема 'POP! Fashion', во облик на конкурс на кој можеа да аплицираат модни дизајнери, дизајнери на накит и модни додатоци, како и студенти по моден дизајн, чија задача беше да ги претстават своите идеи инспирарни од американската поп арт култура.
На 3ти Април се одржа гала вечерта на која беа претставени 13те тимови финалисти на конкурсот, во просториите на Амбасадата на САД.
Едукативниот дел на проектот е претставен со работилници на тема 'Бренд менаџмент', водени од професорот Бјорн Бенгтсон од Модниот институт за технологија во Њујорк.
За пофалба е беспрекорната организација на тимот кои стои позади проектот, како и идејата да им се овозможи на младите дизајнери обука од професор од врвен американски факултет за дизајн, а највеќе младешката енергија на самите дизајнери, храброста и иновацијата во нивните идеи. Им честитам на сите, верувам дека жирито кое треба да избере победник ќе има тешка задача, а подолу се моите фаворити.
Mashite Lochi и Arta Shakiri
Марио Милосов
Almir Ibraim
11 comments:
Блескаш! Одлично срочен текст за настанот што ме изненади со нивото на професионалност и инвентивност. Горе-долу, ги имаме истите фаворити :)
http://aleksandrinavezilka.wordpress.com/
Дури и збунувачки делуваше целата таа професионалност. Прекраснотии :)
Prekrasna!
Ne mozam da mu se iznagledam na fustanot. :)
Благодарам! :)
Одлично изгледаш, фустанот прекрасно ти стои.
http://www.starduststain.com/
Благодарам :))
Ангела, зошто не си модел?
Имаш природна убавина, едноставно прекрасна си.
Ми се допаѓа фустанчето, особено поради бојата.
Детаљот на јаката е одличен и ми се допаѓа тоа што единственото парче накит ти е белегзијата на раката - минимално, но моќно.
Прекрасна.
Поздрав. :*
http://darkbloomv.wordpress.com
Ангела зрачиш со природна убавина. Потврдувам дека во живо изгледаш уште поубаво од слики што е тотално неверојатно.
Бордо ти стои одлично.
Од некоја причина ме потсетува на твојот стил кој го имам гледано низ постовите, плус ти прилега на тенот и дефинитивно е твоја боја.
Доколку си ги носела истите чевли како и претходно од мене имаш десетка за одлично вметнати аксесоари. Без разлика, и да не се тие, не се сомневам дека биле полн погодок.
Поздрав,
http://makedonskimodenblog.com
Веројатно затоа што бидувањето модел бара труд и време што некако не ги најдов. Благодарам за убавите зборови :)
Нели е прекрасна боја? Некако royal. Штиклите се тие :) http://instagram.com/p/XxJF_xzgMg/
Благодарам за убавите зборови :*
Hi!!
really great blog and nice pics!
Step by me if you have time, we might follow each other!!!
Tania
www.glamourmaniacs.com
Post a Comment