Деновиве често ја имав истата мисла ’Светот е убав затоа што има супер креативни луѓе во него’, а особено зашто ја имам таа чест да се дружам и соработувам со некои од нив. Не е тајна дека веста за новиот проект на Ирина Тошева во кој соработува со млади модни блогери ја дочекав со гласно ’опааа’, а уште погласно затоа што ми ја соопшти Ерина, со која веќе утврдивме дека имаме фотохемија.
Уште кога ја видов Енхалон колекцијата на FWSK, првото што го помислив е дека целата таа езерска магија мора да биде споена со урбаниот дух, и со Ерина брзо се разбравме дека сакаме многу бетон, геометрија и Скопје (проследено со многу стикери со наочари и кулоќа на чет). Убедувањето со Ирина дека мора да изберам манекенско парче од колекцијата одеше потешко, ама вредеше во моментот кога сфатив дека ги облекувам апсолутно најдобро скроените palazzo панталони во мојот живот.

Честитки за Ирина за феноменалната колекција (не дека очекувавме друго) и добредојде за новиот сајт
2 comments:
Наводници не се пишуваат така.
http://makedonskijazik.mk/2010/11/blog-post_1016.html
Боже Господе колку си прекрасна! Секоја чест и за Ирина!
Post a Comment