Saturday, November 14, 2015

fossil blogger challenge.

Долгоочекуваната #блогерскасредба (која беше толку убава што ја нарековме ’градинка за возрасни’) резултираше со изненадување: my:time со помош на Skopje Casual ќе го бираат заштитното лице на брендот за часовници Fossil. Задачата за секој блогер во секој изборен круг ќе биде да направи пост со истиот часовник како и другите блогери, што за мене овој пат беше посебен предизвик со оглед на тоа дека злато последен пат имам носено во 93та кога имав една менѓуша затоа што не давав да ми го дупнат другото уво. 
Сепак, блогерски предизвик чија цел е да ги поттикне блогерите да постираат повеќе содржина? Запишете ме!

А ’Две Марии’? Па тоа ми е една од двете омилени книги од средношколските денови, и сосема соодветно, овој примерок ми е трајно позајмен од библиотеката.

>>> гласајте тука <<<






coat: Mango, shirt and shirtdress: Pull&Bear, pants: Zara, sneakers: Nike

Tuesday, April 28, 2015

enchalon dissected.


Деновиве често ја имав истата мисла ’Светот е убав затоа што има супер креативни луѓе во него’, а особено зашто ја имам таа чест да се дружам и соработувам со некои од нив. Не е тајна дека веста за новиот проект на Ирина Тошева во кој соработува со млади модни блогери ја дочекав со гласно ’опааа’, а уште погласно затоа што ми ја соопшти Ерина, со која веќе утврдивме дека имаме фотохемија.

Уште кога ја видов Енхалон колекцијата на FWSK, првото што го помислив е дека целата таа езерска магија мора да биде споена со урбаниот дух, и со Ерина брзо се разбравме дека сакаме многу бетон, геометрија и Скопје (проследено со многу стикери со наочари и кулоќа на чет). Убедувањето со Ирина дека мора да изберам манекенско парче од колекцијата одеше потешко, ама вредеше во моментот кога сфатив дека ги облекувам апсолутно најдобро скроените palazzo панталони во мојот живот. 

Честитки за Ирина за феноменалната колекција (не дека очекувавме друго) и добредојде за новиот сајт

 

 






Sunday, March 1, 2015

sunday inspiration. midi skirt.


Combining the midi skirt trend sounds like the most feminine item you can add to your wardrobe, but since we (sadly) don't wear it in the classical way any more, it turns out to be a very tricky piece to master.
Even though I am quite the opposite of a fan of the fashion rules, a midi skirt actually requires two;
1. always go for a close-fitting top to avoid looking too bulky 
2. flat shoes are not your friends in this case if you want to have a proportionate figure


 

 

 


Powered by Blogger.
Scroll To Top